Сопственици на проекти во развој

Задоволство ни е да ја евалуираме секоја понуда, независно во која фаза на развој се наоѓа проектот или дали проектот е развиван од физичко или правно лице. Секој проект кој е во врска со потенцијалот на обновливите извори на енергија е од наш интерес. Доколку проектот има потенцијал, сакаме да го формираме најдоброто можно партнерство и да реализираме профитабилни проекти, при што истовремено би одржале добри односи со сите засегнати страни.

Имаме долгогодишно искуство со посредување на конфликти помеѓу засегнати страни, па проектите кои биле одложени честопати се реализираат кога ние се вклучуваме.  Работење со wpd подразбира почитување на партнерите, независно колку големи или мали истите се.

Сакаме да работиме со партнери кои имаат добри локални познанства и можат да ги проценат потребите на заедницата каде проектот треба да биде реализиран. Вработените на wpd се исклучително искусни во развој на проекти. Со корпоративна култура фокусирана на ефикасност, краток „синџир“ на донесување на одлуки, и финансиски потенцијал, ние успешно евалуираме идеи заедно, поради што носиме исклучителна вредност како Ваш партнер.

Условите на енергетскиот пазар постојано се менуваат, поради што станува сѐ потешко да се обезбеди финансирање, особено во подготовката на проектот. Поради таа причина, помали проекти со приватни инвеститори не се реализираат навремено, па дури откако инвеститорот вложува значителни средства во развојот – тие доаѓаат на пазарот, но тогаш се застарени или непрофитабилни. Соработката со wpd го намалува тој ризик и ги зголемува шансите за навремена реализација на проектот.