Сопственици на локации со потенцијал за развивање на проект за ветерна или сончева енергија
Низ југоисточна Европа има голем број на големи неискористени простори во приватна со-сопственост, делумно поради поделбата, делумно и поради тоа што земјиштето е физички непристапно. Доколку имате идеја за простор кој би бил погоден за развој на проект за искористување на ветерна или сончева енергија, или пак има ветерен или сончев потенцијал, и чии имотно-правни односи можат да се решат, слободно исконтактирајте нѐ.
Развојот на проекти за ветерна или сончева енергија може да придонесе кон регулирање на имотно-правните односи. wpd го изнајмува земјиштето за градба и сопствениците се исплатени одреден удел од производството. На тој начин, има приход генериран од самото изнајмување, а земјиштето и понатаму може да се користи за земјоделство, добиток и шумарство.
Слободно исконтактирајте нѐ да го евалуираме потенцијалот на искористување на обновливите извори на енергија и имотно-правниот статус на Вашето земјиште. Истовремено, можеме да ја процениме добивката која би можела да се добие соодветно на проценетиот инсталиран капацитет.