Локални власти

Ние сме доверлив партнер на локалните заедници кога станува збор за развој на проекти за искористување на ветерна и сончева енергија. Нудиме поддршка во секоја проектна фаза, почнувајќи од идеја, па сѐ до изградба. Кога станува збор за просторно планирање, како исклучително важен чекор во процесот на развој, wpd придонесува кон решенија кои се придобивка за населбите, но вклучува и економски активности кои нудат нови можности за искористување на земјиштето, без оштетување на животната средина.

Кога е во склоп со потребите на локалните власти, развојот на проектите за искористување на ветерната и сончевата енергија придонесува кон заштита од пожари, пристапност и патна инфраструктура, особено во претходно изолирани и тешко достапни региони. Сето тоа придонесува кон развој на земјоделскиот, рекреативниот и туристичкиот потенцијал и активности во таа насока. Дополнително, локалните власти на годишно ниво вообичаено генерираат приходи од производство, што носи дополнителни бенефити кон локалната заедница.

Генералната јавност мора да биде вклучена во развојот на овие проекти со цел истата да ги почуствува директните придобивки. За таа причина, ние секогаш сме во потрага по локални снабдувачи на услуги и бараме начини да ја вклучиме заедницата. Комуникацијата е транспарентна и директна, што овозможува прифатливи и фер услови за развој. Дополнително, како дел од нашата корпоративна политика за општествена одговорност, донираме кон институциите и промовираме развој на заедниците во кои проектите се реализираат. Ние сме подготвени за долгорочни проекти со локалните власти и веруваме дека заедно може да креираме оптимален концепт за секоја општина или секој град.