Ветерен Парк Вирови

Ветерен Парк Вирови е регионална подружница на германската компанија wpd, една од лидерите во секторот за обновлива енергија, која моментално е најголемиот развивач на проекти за копнени ветерни електрани во Германија.

Компанијата истражува нови потенцијални локации за развој во Северна Македонија. Покрај ветерни и фотоволтаични електрани, заинтересирани сме за развивање на хибридни електрани кои би го искористиле и ветерниот и соларниот потенцијал. Реализацијата на такви проекти не само што би придонела кон системот за електрична енергија и производството од обновливи извори на енергија во Северна Македонија, туку и би овозможила долготрајни бенефити на локалните власти преку придонесувањето кон буџетот.

Заинтересирани сме за развој на проекти во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Словенија и Србија

wpd е сигурен партнер за развојот, финансирањето, изградбата и управувањето со ветерни електрани. Основана во Бремен во 1996 како компанија од средна големина, wpd сега дејствува во 31 држава со повеќе од 4.000 вработени професионалци, и игра водечка улога во зголемувањето на уделот на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија, како и во заштитата на климата.

Во Германија, wpd се издигна на водечката позиција во проширувањето на ветерни електрани на копно. Веќе со години, wpd има првокласна „А“ кредитна оценка од членка на групацијата Allianz Group, Ојлер Хермес (Euler Hermes). Оваа надворешна кредитна евалуација нагласува дека потенцијалот на wpd се заснова на постојана стабилност и минати достигнувања.

Проектите за ветерна енергија претставуваат комплексни подвизи на планирање. wpd поддржува проекти на копно низ сите фази, со цел да обезбеди целите да се постигнат и профитот да биде загарантиран.

Learn more


Искористувањето на сончевата енергија преставува дополнителен важен придонес кон успехот на енергетскиот пресврт. wpd дејствува и е дел од овој растечки пазар ширум целиот свет, и постојано го проширува своето портфолио.

6.670 MW
инсталиран капацитет
4.000
членови на тимот
Проектен капацитет од
19.320 MW
ветер на копно
2.750
изградени ветерни турбини
31
држави низ светот
Проектен капацитет од
5.015 MW
на фотоволтаици